Дома Фудбал Англија Невил: Не знам што се случи, но Санчез треба да го напушти Јунајтед што побрзо

Невил: Не знам што се случи, но Санчез треба да го напушти Јунајтед што побрзо

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил е еден од оние кои се среќни поради заминувањето на Алексис Санчез од „Олд Трафорд“.

Невил зборуваше без влакна на јазикот за мандатот на Санчез во Јунајтед кој потрае само година ипол и за тој мандат Јунајтед плати многу пари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Го дочекав во клубот како одличен напаѓач кој може да игра помеѓу линиите и да постигнува голови. Но се беше катастрофа. Не знам што се случи. Мора да има два Алексис. Еден кој играше за Арсенал и Барселона и оној кој се појави во Манчестер. Мораат да го избркаат од клубот што побрзо“, категоричен беше Невил за „Скај Спорт“.

Невил го спомена и Лукаку кој претходно потпиша за Интер, но потенцираше и дека уште неколку играчи треба да го напуштат Манчестер Јунајтед.

„Ромелу Лукаку не сакаше да биде таму. Освен тоа во клубот има уште четири или пт играчи кои не сакаат да играат за Јунајтед, неколку од нив треба да заминат сега, неколку следната сезона“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Конте и Наполи се договорија

Како што пренесуваат италијанските медиуми Антонио Конте од следната сезона ќе седне на ко…