Македонскиот репрезентативец во карате Берат Јакупи ќе се бори за златниот медал на Европското првенство во Кочаели, Турција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јакупи, вчера избори пласман во финалето, во категоријата до 84 килограми, откако во полуфиналето го победи Гркот Георгиос Цанос.
Претходно Јакупи стартуваше на ЕП со победа над Денис Денисенко од Русија, потоа беше подобар од Белорусинот Антон Исакау, а во четвртфиналето славеше над репрезентативецот на БиХ, Мерис Муховиќ.
Македонија на ЕП во Турција настапува со 14 репрезентативци.