Дома Трансфер зона Ако Интер не го пушти Икарди, Јувентус спреми план „Б“

Ако Интер не го пушти Икарди, Јувентус спреми план „Б“

Јувентус има план „Б“ ако не стигне до потписот на Мауро Икарди.

Вчерашниот потпис на Един Џеко на нов договор со Рома значеше дека Икарди нема да се пресели во Рома.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така се намалија опциите за Интер. Икарди сака во Јувентус, но Интер не сака дополнително да го засили својот ривал, па во Торино спремаат алтернатива за Аргентинецот.

Француските медиуми пишуваат дкеа Јувентус е заинтересиран да го доведе Муса Дембеле.

Одличниот напаѓач има само 23 години, но и многу искуство зад себе, посебно на најголема сцена во Лигата на шампионите.

Демеле вчера кога наводно го следеле скаути на Јувентус постигна два гола за Лион против Анжерс.

Претходно интерес за овој играч покажуваа Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но сега преодниот рок во Премиер лигата е затворен и Јувентус има отворен пат кога во прашање се другите заинтересирани клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …