Дома Фудбал Англија Позната судбината на Алексис Санчез! Ова се деталите од договорот за кој многу се зборува

Позната судбината на Алексис Санчез! Ова се деталите од договорот за кој многу се зборува

Што се случи со Алексис Санчез?

Се пишуваше дека од клубот му понудиле да прифати трансфер во Серија А или да се пресели во резервниот тим. Неговата огромна плата од два милиони фунти месечно, без бонуси и додатоци е огромен удар на касата на Ѓаволите, но и нешто што никој не може да го плати, дури и да го позајми.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Порати тоа трансфер не е реална работа, а Солскјер ги разреши дилемите.

„Алексис останува, тој е голем професионалец и очекуваме да ни помогне оваа сезона.“ – рече Норвежанецот.

„Немаме многу напаѓачи, така да ќе добие повеќе минути отколку што очекувате.“ – додаде Солскјер.

Инаку, многумина се прашуваат како е можно Санчез да има толку голема плата.

Англиските медиуми пишуваат дека заработува 300.000 неделно, плус 100.000 фунти на име маркетински права. На тоа се додава клазулата по која 30 стартни натпревари чинат пет милиони фунти. Претходната сезона Санчез тоа не го оствари, бидејќи започна на само 13 натпревари. Постојат и дополнителни бонуси за гол и асистенција, како и осигурување, па сумата е навистина неверојатна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Зидан дочека, познато каде и кога ќе биде неговиот нов ангажман!

Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на националниот тим на Франција по Светското првенст…