Родриго Морено би можел да биде „бомбата“ за крај на преодниот рок на Атлетико Мадрид.
Иако во изминатите недели изгледаше дека тоа ќе биде Хамес Родригез, напаѓачот на Валенсија сега е во прв план. Според пишувањето на „Марка“ „јорганџиите“ интезивно работат на негово доведување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Постојат две причини поради тоа што на „Ванда Метрополитано“ се откажаа од Родригез и се насочија кон Родриго. Првата причина е сложеноста околу ангажирањето на Хамес, а втората да се пронајде разноврстен напаѓач кој би ја зголеми конкуренцијата на Алваро Мората и Диего Коста, на некој начин да донесе нов квалитет.
Со доведувањето на Родриго Атлетико би го комплетирал нападот. На клубот од Мадрид за ангажман на Родриго би му биле потребни околу 60 милиони евра што е сума која можат да си дозволат да ја платат.
Родриго зад себе има одлична сезона во дресот на Валенсија. Постигна 15 голови на 51 натпревар во сите натпреварувања и забележа 10 асистенции.