Дома Трансфер зона Мурињо бара напаѓач, Јунајтед му се јави на Белоти!

Мурињо бара напаѓач, Јунајтед му се јави на Белоти!

Манчестер Јунајтед ова лето ќе донесе најмалку еден врвен напаѓач, со оглед на фактот дека Мурињо ќе остане без Златан Ибрахимовиќ и Вејн Руни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медуми пренесуваат дека високо на листата желби кај Мурињо котира италијанскиот репрезентативец и член на Торино, Андреа Белоти.

„Специјалниот“ веќе имал состанок со раководството на „црвените ѓаволи“ и им соопштил дека покрај Гризман сака уште еден робусен напаѓач или конкретно еден од двајцата Белоти – Лукаку.

Директорот на Јунајтед, Вудвод веќе направил првички контакти со италијанскиот напаѓач кој е подготвен да се пресели на „Олд Трафорд“.

Белоти во неговиот договор со Торино има откупна клаузула од 100 милиони евра, а последните информации говорат дека Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…