Бранителот на трофејот во Премиер лигата, Манчестер Сити денес го одигра својот прв натпревар.
Ливерпул вчера постигна четири гола, а Сити денес еден повеќе. „Граѓани“ денес на гости го совладаа Вест Хем со 0:5..
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До предност „граѓаните“ стигнаа во 25-тата минута кога Габриел Хесус погоди за 0:1. Тоа беше и резултатот со кој се замина полувреме.
Во вториот дел после шест минути игра Стерлинг после додавањето на Де Брујн излезе „еден на еден“ со Фабијански и ја погоди мрежата за 2:0. Само една минута подоцна Стерлинг постигна нов гол, но тогаш за прв го видовме ВАР во Англија кој реагираше, а судијата Мајк Дин го поништи голот поради офсајд.
Во 69-тата минута Агуеро влезе во игра на местото на Хесус, а во 75-тата Стерлинг го постигна својот втор гол за високи 0:3. Агуеро на 0:4 зголеми од пенал во 84-тата минута. Треба да се спомене дека
Фабијански прво го одбрани ударот на Агуеро, но пеналот беше повторен и Агуеро не промаши повторно.
Конечните 0:5 ги постави Стерлинг во судиското продолжение кој така стигна до хет-трик.