Oд ова сезона беше одлучено во фудбалот да се воведат неколку нови правила, а едно од нив се однесува на изведувањето слободни удари.
Ливерпул вчера го победи Норвич со 4:1 во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата. „Црвените без поголеми проблеми стигнаа до победа и најавија дека и оваа сезона ќе бидат кандидати за титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во второто полувреме видовме една интересна ситуација кога домаќините имаа слободен удар од добра позиција. Познато е дека според новите правила играчите на екипата која го изведува слободниот удар не смеат да бидат во живиот ѕид и да ги туркаат противничките фудбалери како што беше вообичаено.
Меѓутоа во Ливерпул покажаа дека правилото има свои недостатоци и пронајдоа „дупка“. Тие застанаа едно метро пред играчите на Норвич и го покриваа делот пред голманот на овој тим.
Поради тоа настана конфузија на теренот и сега тимовите веројатно полесно ќе постигнуваат голови од вакви ситуации бидејќи голманот скоро и да не ја гледа топката.