Сигурно е дека „росонерите“ од следната сезона ќе имаат многу поинаков и посилен тим. Новите конески сопственици одобрија огромен брџет за засилување, а директорското дуо Фасоне – Мирабели веќе почна да ги влече првите потези.
Имено, „Скај Италија“ потврди дека првиот трансфер веќе е комплетно договорен, а станува збор за дефанзивецот на Виљареал, Мусакио. „Росонерите“ за Аргнетинецот ќе платат 18 милиони евра, а играчот ќе потпише четиригодишен договор.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Второто засилување за „росонерите“ би требало да биде Франк Кесие. Момчето кое експлодира оваа сезона во Аталанта веќе го нарекуваат „новиот Јаја Туре“ и за него интерес покажаа многу европски гиганти.
Иако Касие беше на чекор од трансфер во Рома, сепак Милан му понуди многу подобри финансиски услови и ја израмни понудата на „волчицата“ за Аталанта која изнесуваше 28 милиони евра.
Новиот спортски директор на Милан, Мирабели синоќа беше во Мадрид, а медиумите пренесуваат дека главна цел му била средба со агентите на двете ѕвезди на Реал, Мората и Ковачиќ.
Двајцата готово сигурно ќе го напуштат „Сантиаго Бернабеу“ ова лето, но Мората во моментов е многу поблиску до трансфер во Челзи. Сепак, „росонерите“ го испитуват теренот и сакаат да дознаат какви се шансите за негова преселба на „Сан Сиро“.
Како алтернатива за Шпанецот се наоаѓаат имињата на Белоти, Џеко, Бензема и Калиниќ, па сигурно еден врвен напаѓач ќе пристигне на „Сан Сиро“ ова лето.