Дома Фудбал Англија Ливерпул на отварањето на Премиер лигата го прегази Норвич (ВИДЕО)

Ливерпул на отварањето на Премиер лигата го прегази Норвич (ВИДЕО)

Почна новата сезона во Премиер лигата, а Ливерпул уште во првиот натпревар покажа дека ќе биде еден од главните кандидати за титулата.

На Ливерпул малку му недостасуваше минатата година да стане шампион на Англија, но сепак Сити освои еден бод повеќе.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Оваа сезона „црвените“ одново го напаѓаат врвот и нов поход кон титулата најавија со победата над Норвич од 4:1.

До водство стигнаа уште во седмата минута кога Ханлеј после нафрлувањето на Ориги ја погоди сопствената мрежа. Во 19-тата минута Салах погодува за 2:0.

Осум минути подоцна Египќанецот беше асистент. Изведе корнер и Ван Дајк се најде на вистинското место и со глава ја погоди мрежата. Ориги во 42-та минута го постигна четвртиот гол за Ливерпул.

Во второто полувреме видовме еден гол и тоа во мрежата Адриан, стрелец беше Пуки. Треба да споменеме дека во првиот дел Алисон Бекер се повреди, па новиот голман Адриан доби шанса уште во првото коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…