Toтенхем во последниот ден од преодниот рок претстави два нови играчи.
Спарсите го претставија крилниот напаѓач Рајан Сесењон кој за 25 милиони фунти беше доведен од Фулам, а потоа и Џовани Ло Селсо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ло Селсо пристигна позајмица од Бетис со тоа што лондонскиот клуб има опција да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.
Играчот ќе го носи дресот со број 18, а станува збор за играч кој кариерата ја почна во матичниот Росарио за потоа во 2016 година да потпише за ПСЖ.
Освои неколку трофеи во Франција и потоа премина во Бетис на позајмица, а сега добива нова прилика да се покаже на најголемата сцена.
Во Бетис постигна 16 голови на 45 натпревари.