Дома Фудбал Останато Скандал поради СП 2006 го тресе германскиот фудбал: Помеѓу обвинетите и Бекенбауер!

Скандал поради СП 2006 го тресе германскиот фудбал: Помеѓу обвинетите и Бекенбауер!

Обвинителството во Швајцарија отвори обвинение против тројца членови на организацискиот комитет на СП во 2006 година во Германија, како и против еден Германец кој имал висока функција во ФИФА. Покрај тоа во скандалот е вмешан и Франц Бекенбауер.

Тоа добивање на домаќиноството на Мундијалот беше спорно и многумина се спомневаа дека се работи за наместен избор. Тогаш во последен момент се отстапи од идејата СП да оди во Јужна Африка, идеја која се реализира четири години подоцна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Германците одлично го организраа Мундијалот, меѓутоа сега на површина излегува голем скандал. Помеѓу обвинетите се поранешниот прв човек на германскиот фудбал Тео Цванцингер, неговиот соработк Хорст Шмит, генералниот секретар и член на ФИФА Урс Линс, а наследникот на Цванцигер Волфганг Нирсбах заработи обвинение за измама.

Најголемото име кое е споменува во овој скандал е легендарниот Бекенбауер тој е означен како главна фигура за обезбедувањето на домаќинството за најголемиот спортски настан во 2006 година. Бекенбауер во тоа време беше претседател на организацискиот одбор на СП и сега е отворена постапка против него, но таа поради неговата здравствена состојба ќе се води одвоено од споменатата четворка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…