Дома Топ вести Во трка со времето: Јунајтед до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го донесе Ериксен

Во трка со времето: Јунајтед до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го донесе Ериксен

Се уште не е позната судбината на Пол Погба, но во Јунајтед не сакаат да седат со скрстени раце.

Спремни се да донесат нов играч од средниот ред, а прв на мета е Кристијан Ериксен.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Тој веќе подолго време е на излезните врати на Тотенхем, а за него се интересира и Реал Мадрид, како и уште неколку други клубови.

Сепак, се чини дека официјална понуда за него ќе испрати Манчестер Јунајтед, а тоа мора да го направи експресно брзо.

Имено, остана уште два дена до крајот на преодниот рок, а цената за Ериксен е 130 милиони евра.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Тотенхем е спремен на компромис и да ја спушти цената бидејќи сака да го продаде.

Останува да видиме дали Јунајтед ќе успее да го заврши овој трансфер во наредните два дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо за Јамал и Златната топка

Кристијано Роналдо најави дека нема да игра на Светското клупско првенство. Португалската …