Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал пред неколку дена се врати од одморот и се приклучи на Барселона за новата сезона.
Видал пред една година пристигна во каталонскиот клуб од Баерн и неговото доаѓање беше изненадување за многумина на „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во минатата сезона може да се каже дека Видал имаше пристојна минутажа, но со доаѓањето на неколку нови играчи во средниот ред веројатно во новата сезона ќе игра многу помалку.
Конкуренцијата во Барса е навистина жестока и се очекува некој од играчите за врска кои се во втор план да си заминат до крајот на преодниот рок.
Шпанските медиуми шпекулираат дека токму Видал би можел да биде тој играч.
Наводно, Интер повторно се активирал и ја контактирал Видал за да се распраша околу ситуацијата на фудбалерот.
Интер сака Видал да го доведе на позајмица од една година со опција за откуп на крајот од сезоната.
Видал како што е познато веќе играше во Италија каде што го носеше дресот на Јувентус со кој освои три Скудета. Тогаш Јувентус беше предводен токму од Антонио Конте кој сега е на клупата на „нероаѕурите“.