Дома Фудбал Англија Клоп се најде на удар на критики, а Хендерсон одлучи да застане во негова одбрана

Клоп се најде на удар на критики, а Хендерсон одлучи да застане во негова одбрана

Ливерпул претходната сезона ја освои ЛШ и заврши на второто место во Премиер лигата зад Манчестер Сити со само еден бод помалку.

Сепак, иако преодниот рок во Англија завршува оваа недела, а започнува и новата сезона во Премиер лигата, Ливерпул не успеа да донесе ниту едно засилување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Клубот од Енфилд ги донесе само младите Ван ден Берг и Елиот, а Јирген Клоп поради тоа се најде на голем удар на критики.

Сепак, капитенот на Црвените, Џордан Хендерсон одлучи да застане во одбрана на својот тренер.

„Ако тренерот не потпишал никој, тогаш тој знае најдобро од сите останати.“ – изјави Хендерсон и додаде:

„Мислам дека имаме фантастичен тим. Тоа го покажавме. Имаме големи играчи, Наби Кеита и Окс Чемберлејн се враќаат од долготрајните повреди, што е исто како доаѓање на нови играчи.“

„Веруваме дека имаме силна група во соблекувалната и едноставно мора да продолжиме да учиме, да се подобруваме на тренинзите, да продолжиме да го работиме она што долго го работиме и да останеме гладни за поголеми успеси.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се сеќавате на навивачот кој вети дека нема да се шиша додека Јунајтед не врзе пет победи – еве како изгледа сега (Видео)

Навивачот на Манчестер Јунајтед, Франк Иллет, стана познат во британската јавност во октом…