Поранешниот англиски судија Марк Клатенбург избра пет најиритантни играчи на кои им судел во кариерата.
Марк Клатенбург во 17 години долгата кариера се сретнал со многу играчи, а во разговор за британски „Сан“ откри со кој фудбалери му било најтешко.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Победник“ во неговата категорија е Крег Белами, а во топ 5 ги смести уште Јенс Леман, Рио Фердинанд, Пепе и Рој Кин.
„Белами беше убедливо најлош и тоа го мислам веќе со години. Тој беше најритантниот играч на теренот, но и надвор од него. Беше неверојатно непристоен и не му беше важно што му зборувате. Навистина, направив неколку грешки на негова штета, но тоа што тој ми го зборуваше беше апсолутно неприфатливо. Навистина беше тип со кој воопшто не се сложував“, изјави Клатенбург.
Ex-Premier League ref Mark Clattenburg names five worst players he dealt with https://t.co/tBqXsJPo9v
— fred (@DfrePaps) August 5, 2019