Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед се откажа од Дибала!

Манчестер Јунајтед се откажа од Дибала!

Манчестер Јунајтед се откажа од намерата да го донесе Дибала на Олд Трафорд, пренесува Скај Спорт.

Веќе со недели се шпекулира дека ќе дојде до размена на играчи помеѓу Јунајтед и Јувентус. Дибала требаше во еден, а Ромелу Лукаку во друг правец. Сепак, до тоа нема да дојде.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Црвените ѓаволи наводно се откажале од Аргентинецот бидејќи имал огромни финансиски побарувања. Другата причина е и таа што и самиот фудбалер беше неодлучен во размислувањето дали да дојде на Олд Трафорд.

Нормално, ова значи дека и Лукаку скоро сигурно нема да заврши во Торино, но тоа не значи дека ќе остане во Јунајтед. Манчестер ќе продолжи со преговорите со други тимови околу негова продажба, а во прв е Интер кој подолго време покажува интерес.

Од друга страна, Дибала сака да остане во Торино и смета дека под водство на новиот тренер Маурисио Сари ќе го покаже најдоброто од себе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сестрата на Кристијано Роналдо објасни зошто Португалецот не оди на погреби

Во португалскиот град Гондомар се одржа последното проштално збогување на Диого Жота и нег…