Вечерва веше одигран натпреварот помеѓу Барселона и Арсенал за „Жоан Гампер“ трофејот.
Барселона со пресврт успеа да го победи Арсенал со 2:1. Каталонците на овој натпревар стартуваа без Меси и Суарез, како централен напаѓач шанса доби Гризман.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Во првото полувреме Арсенал стигна до водство со голот на Обамејанг во 36-тата минута. Габонецот ја погоди мрежата на Барса после асистенцијата на Озил.
Со тој резултат се замина на полувреме, а вториот дел како и што вообичаено во предсезоната донесе голем број измени. Луис Суарез во игра влезе во 63-тата минута на местото на Осман Дембеле.
До изедначување Барселона стигна пет минути подоцна кога Метјланд Најлс си постигна еден комичен автогол.
Кога изгледаше дека победникот ќе се решава со изведување на пенали Суарез погодува во последните моменти и носи победа за Барселона.
Треба да се спомене, дека Меси целиот натпревар го помина на клупата за резерви.
https://www.youtube.com/watch?v=8AFlvp8CFuc