Дома Топ вести Премиерлигаш размислува за Стефан Ристовски?

Премиерлигаш размислува за Стефан Ристовски?

Пред неколку дена медиумите во Португалија пишуваа дека Стефан Ристовски ќе потпише нов договор и ќе остане во тимот на Спортинг Лисабон, но сега се пишува нешто спротивно.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наводно, интерес за македонскиот репрезентативец покажал тимот на Евертон и „карамелите“ покажале интерес да го видат во своите редови.

Евертон според информациите сака прво да го позајми Ристовски, а потоа и целосно да го откупи неговиот договор. Реализацијата на трансферот засега не изгледа едноставно затоа што Спортинг не сака договор кој би вклучувал позајмица.

Останува да видиме дали тренерот на „Карамелите“, Марко Силва сериозно ќе тргне по потписот на Ристовски или ќе се одлучи за друга опција за десната бековска позиција. Ристовски во медиумите пред некое време се поврзуваше и со клубови од Серија А

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…