Дома Топ вести Потврдено: Реал Мадрид ја купи ѕвездата на Ајакс

Потврдено: Реал Мадрид ја купи ѕвездата на Ајакс

Шпанските медиуми најавија, а потоа стигна потврда од Холандија – Дони ван де Бек е пред трансфер во Реал Мадрид.

„Кралевите“ беа во потрага по квалитетен играч за врска, а на спосокот на Зидан се најде токму Дони ван де Бек.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


22-годишниот играч за врска одигра фантастична сезона со Ајакс и се етаблираше како еден од најперспективните играчи, особено во натпреварите од Лигата на шампиони.

„Марка“ потврди дека Реал постигнал договор со Ајакс и за потписот на Ван де Бек ќе плати 60 милиони евра.

Веднаш стигна потврда и од Амстердам, каде тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг го потврди трансферот.

„Направивме се што е во наша моќ да го задржиме. Но, кога ќе пристигне таков клуб, со таква понуда, едноставно не можете да кажете не“, изјави Тен Хаг.

Шпанските медиуми тврдат дека трансферот на Дони ван де Бек не го исклучува трансферот на Погба за кого Реал е во завршни преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Судењето на македонските фудбалски терени викендов било без грешка!

На натпреварите од 29 коло од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа. Судиска ком…