Ѕвездата на Баерн Минхен, Квинсли Коман дефинитивно нема среќа со повредите. Младиот Французин синоќа против Тотенхем се здоби со нова повреда.
Коман веќе две години константно има проблеми со повреди и повеќе време помина во рехабилитација, отколку на терените.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред крајот на минатата година, најави дека ако уште еднаш се повреди и треба подолго да отсуствува ќе се откаже од фудбалот, иако има само 23 години.
Французинот синоќа се повреди и тоа само неколку минути откако влезе во игра на пријателскиот натпревар против Тотенхем.
„Се надевам дека не е ништо страшно и дека тој ќе се врати за неколку дена. Доби удар, тоа најчесто е многу болно“, изјави Ковач.
Денес Коман ќе оди на детални прегледи, па ќе се знае точно колку време ќе отсуствува од терените.