Дома Трансфер зона Каталонски Спорт: Иван Ракитиќ заминува од Барселона

Каталонски Спорт: Иван Ракитиќ заминува од Барселона

Иван Ракитиќ се чини дека ги поминува последните денови во Барселона.

Шпекулациите за заминување на хрватскиот фудбалер траат долго, а шпанските медиуми последните неколку дена пишуваат дека во каталонскиот тим сега има премногу  играчи во средниот ред и поради тоа Ракитиќ и Видал би можеле да го напуштат Камп Ноу.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ернесто Валверде минатата недела изјави дека секој играч мора да се избори за место во екипата.

Две позиции во средниот ред се резервирани за Бускетс и Де Јонг, а Видал, Ракитиќ, Кутињо, Роберто и Ален треба да се борат за уште едно преостанато место.

Токму поради тоа многумина веруваат дека Ракитиќ ова лето ќе ја напушти Барса, а Каталонски Спорт пишува дека за следна дестинација ќе бира помеѓу Манчестер Јунајтед и Интер, а наводно Хрватот го преферира Интер.

Покрај тоа што има премногу играчи во средниот ред, Барселона сака да го продаде Ракитиќ и да добие 50 милиони евра за да ги искористи за нови засилувања, а прво секако е Нејмар од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…