Дома Фудбал Италија Ништо од трансферот на Лукаку, Конте пронајде алтернатива

Ништо од трансферот на Лукаку, Конте пронајде алтернатива

Прва опција, покрај Един Џеко за Интер беше Ромелу Лукаку од Манчестер, но наводно тој договорил трансфер во Јувентус.

Наводно, само прашање на време е кога Џеко ќе стане нов играч на Интер, а Конте пронајде уште еден напаѓач кој би требало да игра со репрезентативецот на БиХ.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Се работи за Анте Ребиќ, а како што пишува Ди Марзио, преговорите се забрзани и договор може да падне многу наскоро.

Интер на Ајнтрахт за неговите услуги ќе плати 40 милиони евра. Ребиќ минатата сезона одигра 38 натпревари и запиша десет погодоци и шест асистенции.

Од друга страна, се уште се чека заминување на Икарди, а тој би требало својата кариера да ја продолжи во Рома, со која ќе се случи размена на напаѓачи.

Па така, Ајнтрахт откако остана без Јовиќ и Хелер, скоро сигурно ќе остане и без одличниот Ребиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона доби засилување за дуелот против Билбао: Флик објави позитивни вести!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, потврди дека Ерик Гарсија и Рафња ќе се вратат во соста…