Дома Фудбал Италија Шалке после натпреварот со Болоња испрати порака до Синиша Михајловиќ

Шалке после натпреварот со Болоња испрати порака до Синиша Михајловиќ

Синиша Михајловиќ пред неколку дена соопшти вести кои ја потресоа фудбалска Европа. Српскиот стручњак на прес конференција соопшти дека боледува од леукемија.

Иако поради болеста мораше да ја прекине својата работа, Болоња одлучи Михајловиќ да остане шеф на стручниот штаб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Пораки за поддршка пристигнуваат од сите страни, а после пријателскиот натпревар против помеѓу Болоња и Шалке, кој италијанците го добија со 3:2, се огласи и германскиот тим.

На официјалниот Твитер профил на Шалке беше објавено следното: „Сите во Шалке му посакуваат на тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ се најдобро во неговата борба против леукемијата.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…