Легендарниот француски фудбалер, Патрис Евра одлучи да каже крај на активното играње фудбал и стави крај на богатата кариера.
38-годишниот лев бек потврди дека става крај на кариерата и ќе заполови во тренерските води.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мојата кариера е официјално завршена. Во 2013 година ја започнав обуката за добивање лиценца на УЕФА за категорија Б. Сакам да ја завршам, а потоа да добијам лиценца А. По година и пол, ако се оди според планот, ќе бидам подготвен да раководам со тим“, изјави Евра.
За време на неговата кариера, дефанзивецот играше за Јувентус, Монако, Марсеј, Манчестер Јунајтед и Вест Хем.
Со „црвените ѓаволи“ пет пати стана шампион на Англија и еднаш ја освои Лигата на шампионите. Неговиот последен клуб беше Вест Хем, за кој одигра пет натпревари во 2018 година.