Дома Видео Најдобриот играч на светот само ги ширеше рацете

Најдобриот играч на светот само ги ширеше рацете

Реал Мадрид синоќа во пријателски натпревар доживеа вистинска бламажа и беше поразен од градскиот ривал Атлетико Мадрид со 7:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кралевите во овој натпревар одиграа очајно. На полувреме губеа со 5:0, во два наврати беше и шест гола разлика, а на крајот Атлетико славеше со 7:3.

Играчите на Реал делуваа незаинтересирано. Доказ за тоа е реакција на најдобриот играч на светот Лука Модриќ и Бразилецот Винисиус на еден од погодоците.

Стоеја и гледаа како противничкиот фудбалер ја зема топката, а Модриќ на крајот само ги ширеше рацете.

Ова видео им донесе жестоки критики на сметка на двата фудбалери. Нормално, многу повеќе беа на сметка на најдобриот играч на светот, а многумина и натаму тврдат дека е направена голема грешка кога Лука беше прогласен за најдобар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Имал сè, но страдал во тишина: Бивша ѕвезда на Челси откри мрачна тајна на фудбалот

Гаел Какута одлучи да ја заврши професионалната кариера, а неговото збогување со фудбалот …