Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на утрешнат трка за Големата награда на Германија на стазата Хокенхајм.
Возачот на Мерцедес со време 1:11.767 стигна до својата четврта овосезонска односно 87. пол позиција во кариерата и е прв фаворит за утрешна трка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Плановите на Мерцедес ги поремети Макс Верстапен кој ќе стартува од втората позиција, додека Ботас го имаше третото најдобро време.
Вистинско фијасно доживеа Ферари. Себастијан Фетел поради технички проблеми не се пласираше во втората рунда на квалификациите, додека Леклер ќе стартува од десетата позиција откако во финалната рунда не настапи поради истите проблеми како и Фетел.
Трката за големата награда на Германија е на програмата утре со почеток во 15:10 часот.