Дома Топ вести Остварена прва средба: Барса и ПСЖ почнаа преговори за Нејмар

Остварена прва средба: Барса и ПСЖ почнаа преговори за Нејмар

Каталонскиот весник „Спорт“ открива дека на 24-ти јули, една недела пред крајниот рок што го поставил ПСЖ, се случил првиот контакт на највисоко ниво меѓу лидерите на Барселона и францускиот клуб.

На состанокот присуствувале претседателите на шпанските и француските шампиони, односно Жосеп Марија Бартомеу и Насер ал-Келафи. На средбата Барселона го потврдила интересот за Нејмар и е спремна да започне преговори за негов трансфер на „Камп Ноу“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако се чини дека е мал чекор, тоа е всушност огромен, бидејќи двата клуба веќе долго време се во студена војна, а досега нивните лидери никогаш немале официјален состанок, дури и при остварување на трансфери. Досега, контактите секогаш биле преку овластени посредници.

Токму преку таков посредник од шпанскиот клуб ја тестираа ситуацијата околу Нејмар со првата неофицијална понуда минатата недела, која вклучуваше преминување на Филипе Кутињо и Иван Ракитиќ во ПСЖ, како и додаток од 40 милиони евра.

Ова топење на мразот меѓу двата клуба се смета за позитивен чекор за евентуалниот трансфер на Нејмар. Каталонскиот клуб нема да се откаже од намерата да го врати Бразилецот на „Камп Ноу“, иако е свесна дека тоа воопшто нема да биде лесно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…