Дома Фудбал Останато Клоп откри дали Кутињо се враќа на „Енфилд“

Клоп откри дали Кутињо се враќа на „Енфилд“

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека многу го цени квалитетот на Кутињо, но дека приказните за неговото враќање на „Енфилд“ ова лето не се вистинити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилскиот играч во јануари 2018. година во трансфер вреден 145 милиони фунти се пресели во Барселона, но во Каталонија не игра на очекуваното ниво, па приказните за заминување се се погласни. Како една од можните опции се наведува и Ливерпул.

„Го сакам Филипе, тој е одличен фудбалер и сето тоа е во ред, но неговото ангажирање би било многу скапо, а ние не сме во годината кога можеме тоа да го допуштиме. Нема сомнеж дека тој би бил засилување за тимот, но едноставно враќањето не е возможно“, изјави Клоп.

Бразилскиот плејмејкер во изминатава сезона на 54 натпревари за Барса постигна 11 гола и запиша 5 асистенции. Неговиот договор со шампионот на Шпанија трае до 2023. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ултиматум: Челси му даде рок на Манчестер Сити за Енцо Фернандез!

Фудбалскиот клуб Челси го постави конечниот рок за трансферот на Енцо Фернандез во Манчест…