Дома Фудбал Италија Официјално: Палермо исфрлен во Серија Д, Несторовски и Трајковски се слободни

Официјално: Палермо исфрлен во Серија Д, Несторовски и Трајковски се слободни

Фудбалската Федерација на Италија ја одби последната жалба на Палермо и клубот се сели во Серија Д, а тоа значи дека Илија Несторовски и Александар Трајковски ќе бидат слободни да бараат нови клубови.

Според досегашните најави наредниот период се очекува Несторовски да потпише за Удинезе и воедно се врати во најсилната италијанска фудбалска лига.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Напаѓачот веќе има постигнато договор и со тимот од „Фриули“ ќе потпише на три сезона, па во следните денови се чека само официјализација.

Александар Трајковски чека понуди и најблиску е до Спортинг Лисабон, иако интерес за него постои и од неколку италијански прволигаши.

Откако Палермо е исфрлен во Серија Д, фудбалерите ќе можат без обештетување да го напуштат клубот, односно ќе имаат статус на слободни агенти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…