Еден од најголемите малери во светот на фудбалот во изминатите месеци е десниот бек на Ливерпул, Натаниел Клајн.
Тој пред година дена се врати во фудбалот после пауза од 250 дена поради повреда на грбот. Сепак, таа повреда го мачеше и претходната сезона, па успеа да запише само 18 настапи во ПЛ и тоа најчесто со влегување од клупата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во текот на припремите за сезона 2019/20 Клајн заработи нова повреда и тоа за жал тешка. Повремениот англиски репрезентативец во текот на натпреварот против Борусија Дортмунд ги скина лигаментите на коленото и го очекува пауза од шест месеци.
„Ова е лоша вест за нас. Клајн тренираше неверојатно во текот на припремите, беше ова негов момент. Се надеваме дека што побрзо ќе се опорави и ќе се врати уште посилен.“ – изјави Јирген Клоп.
После новата повреда иднината на 28-годишниот фудбалер во Ливерпул е под знак прашалник со оглед на тоа дека има договор до следното лето.
Да потсетиме, тој во редовите на Црвените пристигна летото 2015. година од Саутемптон, а претходно играше и за Кристал Палас.