Дали Луис Хамилтон пред да замине во пензија ќе седне во болидот на Ферари? Тоа е идеја која на многу Ф1 фанови им минува низ глава.
Џенсон Батон, светскиот првак од 2009. година, смета дека преминот во Ферари би бил многу ризичен потег за Хамилтон.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Сигурен сум дека сите возачи сакаат да заминат во Ферари, но ниту еден возач не сака да премине од тимот кој победува во оној кој не е конкурентен.“ – изјави Батон за Авто Билд.
Батон вели дека за Хамилтон би било најдобро да остане во Мерцедес доколку сака да го сруши рекордот на Михаел Шумахер во број на титули светски првак.
„Би било многу храбро од него да премине во Ферари. Луис може да освои десет титули ако остане во Мерцедес, додека преминот во Ферари би можел да значи крај на неговата кариера.“ – додаде Британецот.
Хамилтон и оваа сезона е водечки на листата и е на вистински пат да ја освои шестата титула светски првак.