Дома Фудбал Фенербахче потврди: Постигнавме договор, Елмас заминува во Наполи

Фенербахче потврди: Постигнавме договор, Елмас заминува во Наполи

Турскиот великан Фенербахче синоќа на својата официјална страна потврди дека се договориле со Наполи за трансфер на Елиф Елмас.

Македонскиот репрезентативец веќе заминал во Италија и денеска треба да ги помине лекарските прегледи, а потоа  да стави потпис на договорот со италијанскиот вицешампион.

„Се договоривме со Наполи за трансферот на Елмас и тој веќе замина во Италија за да потпише за новиот клуб. Елиф со гордост го носеше дресот на Фенербахче, покажа лојалност и му посакуваме многу среќа во иднина“ – стои во соопштението од Фенербахче.

Инаку, трансферот на Елмас ќе ги чини Наполитанците 16 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со хет-трик го предводеше Илинден до осма победа во низа

Илинден го совлада Кул со 5-0 и остана со максимален учинок во скопската Трета лига. Давид…