Дома Македонски спорт Иџе е првиот Македонец кој поставил рекорд на ридско брзинските трки на Водно

Иџе е првиот Македонец кој поставил рекорд на ридско брзинските трки на Водно

Изминатиов викенд на Водно се одржа 37-от меѓународен ридски натпревар во автомобилизам кој се бодува за ФИА централноевропската зона.

Македонскиот најуспешен натпреварувач и европски шампион во трките од оваа категорија, Игор Стефановски Иџе, постигна рекорд од 02:02:09. Постигнатото време е за две секунди подобро од последниот рекорд. Интересно е тоа што за првпат во историјата на ридско брзинските трки на Водно, Македонец е сопственик на поставен рекорд.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според шампионот Стефановски, конечно е исполнет сонот.

„Ми беше криво што натпреварувачи од други земји го имаа рекордот на патеката, која беше главна за моите почетоци во автомобилскиот спорт. Јас го имав македонскиот рекорд, но не и севкупниот рекорд на оваа патека. Конечно мисијата е завршена. Јас како Македонец сум горд што го имам и македонскиот, но и рекордот на оваа патека воопшто. Им се заблагодарувам на луѓето од мојот тим. Тие овозможија овој автомобил кој е подготвен за друг вид на натпреварување, да се приспособи за да можам да настапам на оваа трка“, изјави Иџе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…