Сагата околу евентуалниот трансфре на Нејмар е главна тема откако Бразилецот јавно потврди дека сака да си замине од Пари Сент Жермен.
Барселона сака да го врати Нејмар на „Камп Ноу“ и веќе работи на трансферот, но никако не може да најде заеднички јазик со ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес медиумите лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Бразилецот може да заврши во Реал Мадрид и тоа во спектакуларна трампа.
Имено, раководството на ПСЖ ги известило колегите од Реал Мадрид дека е спремно да прифати понуда во која ќе биде вклучен Герет Бејл плус пари за Нејмар.
Бејл е на излезна врата од Реал Мадрид, па потенцијалната замена меѓу двајцата фудбалери е најреалното решение во овој момент.
Нејмар по секоја цена сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Шпанија, па не ја затвора вратата за трансфер на „Сантиаго Бернабеу“.
Доколку се реализира оваа трампа Реал не само што ќе се ослободи од Бејл, туку ќе и нанесе и голем удар на Барса со доведувањето на Нејмар.
Новинарот на „Индепендент“, Мигуел Дилејни открива дека преговорите се во почетна фаза и наскоро двата клуба ќе имаат средба на која што детално ќе разговараат за деталите.
PSG have informed Real Madrid that they would accept Gareth Bale plus cash in a swap deal for Barcelona target Neymar. (Source: Independent) pic.twitter.com/LUV9gvLpOc
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 21, 2019