Дома Фудбал Останато Ибра на дело покажа зошто е Ферари помеѓу Фиати: Ибрахимовиќ – Вела 3:2! (ВИДЕО)

Ибра на дело покажа зошто е Ферари помеѓу Фиати: Ибрахимовиќ – Вела 3:2! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лос Анџелес Галакси рано утрово по наше време победија во градското дерби со Лос Анџелес ФК со 3:2, а фантастичен беше Златан Ибрахимовиќ.

Ибра само еден ден после интервјуто во кое зборуваше дека е како Ферари опкружено со Фиати во МЛС одигра натпревар во кој постигна хет-трик.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шведскиот ветеран погодуваше во 8-ма, 56-та и 70-тата минута, на другата страна Карлос Вела постигна два гола за противничкиот тим.

Посебно импресивен беше голот за 1:1 кога на фантастичен начин ја прими топката се ослободи од чуваот и со мајсторски удар го матираше противничкиот голман.

https://www.youtube.com/watch?v=VCwx2vp1k5c

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Адесања е три години без победа – доживеа нов тежок пораз (Видео)

Поранешниот владетел на средната категорија на УФЦ, Исраел Адесања, забележа четврти после…