Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловерен, денес стави потпис на нов договор со Ливерпул и се обврза на верност со клубот од „Енфилд“ до 2021 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дејан Ловрен во Ливерпул пристигна во 2014 година од Саутемптон. За тимот од „Енфилд“ има одиграно 105 натпревари и постигнато четири гола, од кои два во оваа сезона.
„Милсам дека сум најсреќниот човек во светот, го остварив сонот. Секогаш сонував да останам долго во клубот кој го сакам, а тој клуб е Ливерпул“, изјави Хрватот.
Ливерпул не ги објави финансиските детали од новиот договор на Ловрен.