Дома Трансфер зона Малком сака да ја напушти Барселона, два премиерлигаши се фаворити за неговиот потпис

Малком сака да ја напушти Барселона, два премиерлигаши се фаворити за неговиот потпис

malcom

Toтенхем и Евертон се двата клуба кои се најголеми фаворити за доведување на Бразилецот Малком од Барселона, пишува „Марка“.

Агентот на фудбалерот се сретнал со претставници на овие клубови и наводно им соопштил дека неговиот клиент сака да си замине ова лето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


22 годишниот Бразилец минатото лето пристигна во каталонскиот клуб во трансфер вреден 41 милион евра од Бордо, а сега сака да си замине од Барселона која за неговиот потпис бара 60 милиони евра.

Тренерот Ернесто Валверде не беше премногу за негово доведување и нема намера да му даде значајна улога во тимот и во наредната сезона.

Со Малком се поврзуваше и Арсенал, меѓутоа „топџиите“ изгледа немаа доволно пари за негов ангажман, постои опција како позајмен фудбалер, но тоа не и одговара на Барселона.

Евертон и Тотенхем од друга страна немаат проблем со финансииите и засега се фаворити да го доведат.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…