Мауро Икарди повеќе нема да го носи дресот на Интер, тоа е одлука на клупското раководство на чело со тренерот Антонио Конте.
Интер денес отпатува на азиската турнеа и во наредните неколку недели „нероаѕурите“ ги очекуваат неколку интересни пријателски натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Помеѓу патниците во Сингапур не беше Мауро Икарди кој претходно ги напушти припремите во Швајцарија и тоа најдобро покажува каков статус има во миланскиот клуб.
Неколку минути откако Интер отпатува од Милано Икарди на Инстаграм објави фотографија како ужива во летото.
Веројатно оваа фотографија најдобро покажува колку всушност му е важно што не патува во Азија.
View this post on Instagram