Милан го обезбеди потписот на плејмејкерот на Емполи и алжирски репрезентативец Исмаел Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.
21-годишниот плејмејкер имаше одлична сезона во Серија А, а со добрите настапи продолжи и на Африканскиот куп на нации, па го привлече вниманието на многу клубови ширум Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бенасер потекнува од школата на Арсенал, но не доби шанса во првиот тим на „топџиите“, па последните две години ги помина во Емполи.
Милан од поодамна постигна договор со Емполи и за потписот на Бенасер ќе плати 16 милиони евра, а последните информации говорат дека „росонерите“ постигнале и комплетен договор со играчот.
Бенасер ќе потпише 5-годишен договор со Милан според кој ќе заработува 1,6 милиони евра по сезона, а се очекува викендов после финалето на Африканскиот куп на нации да пристигне на прегледи во Милано.