Дома Трансфер зона Агентот откри: Само овие четири клуба можат да си го дозволат Мбапе!

Агентот откри: Само овие четири клуба можат да си го дозволат Мбапе!

Килијан Мбапе е најголемото откритие оваа сезона во Европа и сигурно ќе биде една од „најжешките“ трансфер теми ова лето.

Европските гигнати „лудуваат“ по новото „лудо од дете“, а неговата цена вртоглаво расте од ден на ден.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека Монако нема ни да ги разгледува понудите помали од 100 милиони евра, па веројатно е дека за тинејџерот ќе го срушу светскиот трансфер рекорд.

Иако многу европски гиганти се интересираат за неговиот потпис, менаџеот откри дека само четири клуба можат да си го дозволат Мбапе ова лето.

„Само Манчестер Јунајтед, Сити, Реал Мадрид и Барселона можат да си го дозволат Килијан Мбапе ова лето“, изјави неговиот агент за „Екип“.

Кој од овие четири клуба ќе ја добие битката за 18-годишниот Мбапе, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Александер Арнолд наскоро потпишува за Реал

Реал Мадрид веќе работи на трансферот на десниот бек на Ливерпул, Тренд Алексадер Арнолд, …