Евертон и официјално потврди дека Фабијан Делф е нивни играч.
Договорот е потпишан во текот на викендот, а Евертон на Сити ќе му исплати 8.5 милиони фунти и таа сума може да достигне вредност и од 10 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
29 годишниот фудбалер за врска во 2015 година во Сити пристигна од Астон Вила за нешто помалку од 10.5 милиони фунти и се наоѓаше во последната година од договорот со шампионот на Англија, а сега потпиша тригодишен договор со Евертон.
Во минатата сезона Делф одигра 20 натпревари за „граѓаните“ и ова лето неколку клубови покажуваа интерес за неговиот потпис.
„Навистина сум среќен што сум тука, ќе дадам се од себе, ништо помалку од 100%. Клубот во кој бев имаше успех, посебно во последните две сезони, а во последните четири години успеавме да освоиме многу трофеи. Сакав да играм повеќе и затоа не ја пропуштив приликата да дојдам во Евертон“, изјави Делф.
? | Looking boss in Blue… pic.twitter.com/wrysS6Qq8a
— Everton (@Everton) July 15, 2019