Дома Фудбал Останато Касиљас нема да се врати на терените, доби нова функција

Касиљас нема да се врати на терените, доби нова функција

Икер Касиљас ќе мора да стави крај на својата играчка кариера после преживеаниот инфаркт, иако шпанскиот голман се противеше на тоа.

Денес неговиот клуб Порто официјално соопшти дека Икер останува, но нема да се врати на терените, туку ќе добие функција на тим-менаџер.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Шпанецот ќе биде задолжен за комуникацијата помеѓу играчите и раководството, како и тренерот Консеисао и Управниот одбор на клубот.

„Во наредниот период ќе правам нешто поразлично од тоа што сум навикат. Ќе се обидам да остварам добра конекција меѓу играчите и клубот. Тренерот побара од мене да бидам блиску до играчите, блиску до најмладите бидејќи ќе има доста промени во тимот. Ќе се обидам да го дадам максимумот и да им помогнам на соиграчите“, изјави Касиљас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флик за наградите на ФИФА: Уште мислам дека е шега…

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, е фрустриран поради одлуката да не биде избран Рафиња д…