Дома Фудбал Англија Манчестер Сити не отпатува во Кина

Манчестер Сити не отпатува во Кина

Манчестер Сити не отпатува на припреми во Кина во планираниот термин, известуваат островските медиуми.

Тргнувањето за шангај е пролонгирано за 24 часа поради неочекувани административни проблеми што доведе до откажување на приватниот лет закажан за сабота.

Некои од членовите и играчите на клубот вчера пристигнале на аеродромот во Манчестер каде им било соопштено дека постојат некои проблеми и летот закажан за во 18:30 часот бил откажан.

Англискиот првак соопшти дека се работи за проблем на кој клубот нема контрола и Граѓаните турнејата ќе ја започнат малку покасно од планираното.

Сити во среда игра против Вест Хем, а победникот од овој дуел подоцна ќе ги одмери силите со подобриот од натпреварот Њукасл – Волвс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Револуција во Англија: Британскиот премиер најави укинување на забраната која е на сила 41 година

Британскиот премиер, Енди Бернхам, кој е голем фан на фудбалот и на клубот Евертон, планир…