Дома Трансфер зона Даниел Стариџ добил понуда од Серија А

Даниел Стариџ добил понуда од Серија А

Даниел Стариџ е еден од најдобрите фудбалери кои во овој момент се без клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На искусниот напаѓач договорот му истече на крајот од сезоната и сега е слободен во изборот на новиот клуб.

Овој 29 годишник е во потрага по нова средина, а фудбалските патишта би можеле да го одведат во Италија.

Според пишувањето на „Сандеј Експрес“ Стариџ кариерата би можел да ја продолжи во редовите на Болоња која му понудила договор на искусниот напаѓач.

Ако Стариџ навистина заврши во Болоња тоа ќе биде прв пат да заигра надвор од Англија. Во својата кариера освен за Ливерпул тој го носеше дресот на Манчестер Сити, Челзи, Болтон и Вест Бромвич.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…