Дома Фудбал Италија Пријателот кој го изневерил Михајловиќ ги објави пораките кои му ги испраќал: Денес не би го направил истото (ФОТО)

Пријателот кој го изневерил Михајловиќ ги објави пораките кои му ги испраќал: Денес не би го направил истото (ФОТО)

Синиша Михајловиќ вчера потврди дека боледува од леукемија, но јавноста веќе беше информирана дека ќе најави нешто тажно затоа што „Кориере дело Спорт“ претходно објави дека Михајловиќ се соочува со сериозна болест.

Виновник за тоа е Иван Зазарони, уредникот на „Кориере дело Спорт“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зазарони ја објави вест пред Михајловиќ да закаже конференција. Михајловиќ му замери за тоа и јавно го кажа на прес-конференцијата.

„Ова е нешто лично и сакав јас прв да соопштам што ми се случува. Меѓутоа, некој не сакаше да ја испочитува мојата желба и приватност. Сега тој можеби продаде 200 весници повеќе, но и уништи пријателство кое траеше 20 години“, порача Михајловиќ.

Сега се огласи и Зазарони кој ја кажа својата страна.

„Таа вест ја објавив како новинар, а не како пријател на Синиша. Но, денес не би го направил истото. Јас не ја изневерив неговата доверба. Во петокот имав неколку обиди да се слушнеме, му пишував и пораки, но не добив никаков одговор. Објавив кога бев сигурен дека е вистина. Кога јас објавив сите новинари веќе знаеа. Напишав 20 реда со поддршка без да го откријам името на болеста. Портпаролот на Болоња ме замоли да не објавувам, а јас му одговорив дека ќе го направам тоа со почитување на приватноста. Целта не ми беше да постигнам поголема продажба, сакав само да дадам одговор на нешто што многумина. На тој начин го дадов мојот глас за поддршка“.

„Како што кажав денес не би го направил истото. Меѓутоа сега тоа е најмалку важно, важно е само Синиша да биде добро“, заврши Зазарони.

Зазарони објави и фотографија од пораките кои му ги испраќал на Михајловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Баварците спремаат пеколен пречек за „кралот“

Денес продолжуваат полуфиналните натпревари од Лигата на шампиони, а секако очите на фудба…