Дома Фудбал Италија Михајловиќ лут на пријателот кој го изневерил: Продаде 200 весници повеќе и уништи пријателство долго 20 години

Михајловиќ лут на пријателот кој го изневерил: Продаде 200 весници повеќе и уништи пријателство долго 20 години

Синиша Михајловиќ вчера на прес-конференција објави дека боледува од леукемија.

Во јавноста се дозна дека Михајловиќ има проблеми со здравјето и претходно бидејќи италијанскиот „Кориере дело Спорт“ пред Михајловиќ да соопшти објави дека српскиот стратег има големи проблеми со здравјето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој текст го објави Иван Зазарони кој е еден од најпознатите новинари на Италија и уредник на „Кориере дело Спорт“, но и личен пријател на Михајловиќ. Всушност веќе може да кажеме беше пријател на Михајловиќ, повеќе не е.

Зазарони како негов пријател информиран и без дозвола ја објавил веста која силно одекна во Европа. Тоа го налулило Михајловиќ кој јавно кажа дека Зазарони повеќе не му е пријател.

„Ова е нешто лично и сакав јас прв да соопштам што ми се случува. Меѓутоа, некој не сакаше да ја испочитува мојата желба и приватност. Сега тој можеби продаде 200 весници повеќе, но и уништи пријателство кое траеше 20 години“, порача Михајловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…