Нејмар силно сака да се врати во Барселона, а неговата објава на Инстаграм доволно зборува.
Бразилецот во 2017 година ја напушти Барселона и премина во Париз, Барселона тогаш инкасираше дури 222 милиони евра. Трансферот на Нејмар беше најголем во историјата на фудбалот, но после само две сезони Бразилецот сака назад.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Со ПСЖ ја освои Лига 1, но не направи посериозен успех во Лигата на шампионите и на индивидуално ниво не напредуваше премногу и „Златната топка“ се уште му е далеку.
Додека траат преговорите и сагата околу неговиот можен трансфер, Нејмар на Инстаграм објави фотографија од дресот на Барселона.
Повеќе нема дилеми што сака Нејмар и останува да видиме дали тоа ќе му се оствари.
? Neymar on his Instagram Story: pic.twitter.com/MSA3Gbw4N9
— Omar ?️ (@Blaugranagram) July 13, 2019