Од Интер неодамна потврдија дека Раџа Наинголан и Мауро Икарди можат да го напуштат клубот бидејќи Антонио Конте не смета на нив.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За Икарди беше познато дека ќе го напушти клубот после сите скандали кои ги направи во минатата сезона, но одлуката и Наинголан да биде на трансфер листата ја изненади јавноста.
Навивачите на Интер јасно порачаа дека сакаат Наинголан да остане и тоа го покажаа на вчерашниот тренинг. Но, изгледа дека клубот донел конечна одлука околу нив двајца.
Од Интер порачаа дека најважно ќе биде да се врати добрата атмосфера во тимот и според нив тоа не е возможно додека во тимот се Икарди и Наинголан. Клубот прави се за да покаже дека овие двајца едноставно повеќе не се дел од тимот.
Антонио Конте дури ангажирал еден тренер кој посебно ќе работи само со Икарди и Наинголан, одвоено од останатите. На тој начин Конте сака во целост да ги отстрани, но не може да им забрани да тренираат бидејќи тоа е против законот.
Наинголан и Икарди се под договор со Интер и мораат да тренираат, а Конте пронајде начин овие двајца да бидат отстранети. Со нив ќе работи тренерот Даниеле Берназани кој е дел од младинските категории на клубот.