Македонскиот голман кој подолго време се развива во младинските категории на Арсенал, Дени Илиев е испратен на позајмица.
Илиев сезоната која следи ќе ја помина во словачкиот прволигаш Серед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управата на Арсенал во договор со македонскиот голман одлучи дека е најдобро за Илиев да оди на позајмица една година пред повторно да се бори за своето место во Арсенал.
Според договорот кој го постигнаа Арсенал и Серед англискиот клуб има право да го врати Илиев и после шест месеци.
Треба да се спомене дека Илиев во Серед ќе соработува со македонскиот стратег Славчо Војнески.